Владата го задолжи МВР да ги зголеми платите на полициските службеници од септември


– Владата на денешната 65-та седница го задолжи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето платите на вработените во МВР во висина од пет проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, Владата донесе ваков заклучок по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.

На почетокот на седницата премиерот Димитар Ковачевски и министрите со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година

Back to top button
Close