Владата: Химната не беше скратена, согласно протоколот секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни

Владата на Македонија најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови, односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.

„Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната, односно стихови од химната биле скратени од кои било причини специфично за оваа посета. Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија, така и во светски рамки“, се наведува во реакцијата од Владата.

 

 

Back to top button
Close