Владата на Етиопија прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј

Владата на Етиопија   прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј, каде силите лојални на поранешните власти во регионот (ТПЛФ) го окупираа главниот град Мекеле.

„Едностран и безусловен прекин на огнот е прогласен денеска до крајот на земјоделската сезона“, се вели во соопштението.

Владата додаде дека е воведен прекин на огнот за да можат земјоделците да работат мирно и да се дистрибуира хуманитарна помош.

Во неколкумесечните судири меѓу силите на централната влада на Етиопија и дисидентските власти во Тиграј загинаа неколку илјади луѓе.

Back to top button
Close