Владата на Грузија богато ќе ги награди кошаркарите
Владата на Грузија донесе одлука за награда на кошаркарската репрезентација за пласманот во четвртфиналето на Евробаскет 2025. Наградата ќе изнесува околу 950 илјади евра (три милиони лари), а секоја следна победа ќе биде наградена со истиот износ, објави премиерот Иракли Кобахидзе. Воедно тој им честиташе на играчите за историскиот резултат.
Ова е за првпат една репрезентација на оваа држава да биде пласирана меѓу осумте на едно европско натпреварување. Исто така премиерот ја истакна и одличната работа на кошаркарската федерација на Грузија.
Репрезентацијата на Грузија во осминафиналето ја елиминираше Франција, а во среда во четвртфиналето ќе игра против Финска