Владата на Шолц со поддршка за Македонија

Партиите кои ќе ја формираат новата германска влада го поддржуваат отворањето на преговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската унија, продолжувањето на преговорите со Србија и Црна Гора и визната либерализација за Косово.

„Го поддржуваме процесот на пристапување во ЕУ на шесте земји од регионот на Западен Балкан и неопходните реформи за исполнување на сите критериуми од Копенхаген. Во овој контекст, го зајакнуваме граѓанското општество и поддржуваме понатамошни чекори кон пристапување во ЕУ“, стои во коалицискиот договор меѓу Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи.

Во параграфот кој се однесува на Западен Балкан се додава дека „следно мора да биде отворањето на првите поглавја во пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, усвојување на визната либерализација со Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија“.

Трите партии, познати како „коалиција-семафор“ поради карактеристични партиски бои на секоја – црвена, зелена и жолта – постигнаа договор на двомесечните интензивни преговори, откако социјалдемократите освоија тенко мнозинство на националните избори на 26 септември.

Шолц ќе биде нов канцелар, Аналена Баербок од Зелените министерка за надворешни работи, а Роберт Хабек, нејзин партнер и еден од лидерите на Партијата на зелените, ќе ја добие функцијата на новоформираното т.н. „супер министерство“, кое е комбинација на министер за финансии со цели за заштита на климата.

Владејачките партии во Германија сакаат постепено да ја укинат употребата на јаглен до 2030 година, осум години пред предвиденото. Партиите сакаат 80 насто од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори до 2030 година, со 15 милиони електрични автомобили на германските патишта.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close