Владата одлучи да испрати војници во борбената група на НАТО во Бугарија и Романија

Задачата на оваа борбена група е да ја засили одбраната на источните граници на Алијансата
Припадници на Армијата ќе бидат испратени да учествуваат во борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија, одлучи Владата откако таков предлог дало Министерството за одбраната.

„Задача на борбената група на НАТО, како дел од зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities- NATO eVA), е да ја засили одбраната за источните граници на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија“,
објаснуваат од Владата.

Оттаму сметаат дека учеството во оваа група на наши војници ќе го зајакне партнерство и соработката со сојузниците од НАТО, но и ќе влијае на поголемата билатерална соработка на Северна Македонија со Бугарија, Романија и САД.

Back to top button
Close