Владата одлучи: Се стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.
„Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.
Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница“-информираат од Влада.
Оттаму велат дека биле во директна комуникација со граѓаните на Бардовци.
„Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект“-додаваат во соопштението.

 

Back to top button
Close