Владата останува на ставот дека софтверот е купен законски ,премиерот ја прифатил оставката на Рашковски

Владата останува на ставот дека набавката на софтверот бил според сите процедури и дека ке биде од голема корист за граѓаните, рече владиниот портпарол Душко Арсовски повторувајки дека како и во претходните денови и сега ги охрабрува институциите да ја истражат набавката на софтверот заради кој а и низата скандали кои следуваа околу екс владиниот секретар Рашковски за непријавен џип во анкетниот лист и градење на куќа во Скопско Побожје.

Арсовски ја потврди и изјавата на премиерот дадена денеска за Фокус дека оставката која Рашковски му ја дал во писмена форма ја прифатил.

Рашковски во оставката навел дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.

За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа, пишува Рашковски во оставката.

Back to top button
Close