Владата подготвува либерализација на железничкиот патнички транспорт

Министерот Бочварски кажа дека Владата со 200 милиони денари ќе ги помогне „Македонски железници“ за покривање на трошоците за електрична енергија, не само да се заштити претпријатието, туку и за да се заштити економијата затоа што сме транзитна земја и претпријатието мора да се држи во кондиција.
На прашањето дали ќе се побара одговорност од раководството за претпријатието, Бочварски кажа дека тоа не е решението на проблемот.
„Не значи дека ако се промени директор или раководен орган на одредено претпријатие дека сметките за електрична енергија ќе се намалат утредента. Ако е тоа така, тогаш веднаш ќе се направи. Но, сметам дека електричната енергија е со толкава сума не по вина на еден или друг директор, туку тоа се светски трендови кои ние мора да работиме да ги отстраниме и да ги намалиме притисоците кои настануваат од таквите состојби, пред се во ова големо претпријатие. Верувам дека домаќинското работење е нешто што секој еден директор мора и треба да го применува во едно вакво време“, додаде министерот.