Владата подмири речиси половина од долгот за струја на „ЖРСМ Транспорт”


Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Република Северна Макеоднија – Транспорт”.

Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието на Република Северна Македонија. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Свети Николе истакна дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. „ЖРСМ Транспорт” имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.

– Со што ќе продолжи грижата од страна на Владата и поддршката за ова претпријатие, кое е витално претпријатие и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот патничкиот транспорт, вели Бочварски.

Посочи дека долгот на „ЖРСМ Транспорт”‘ варира и се менува какошто вели од ден на ден.

-Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на мкедонски „Железници – транспорт”. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта, вели Бочварски.

Забележа дека токму поради и ова македонски Железници мора да се држи во кондиција, за да ги извршува своите обврски.

Back to top button
Close