Владата потсетува дека ноќва почнува зимско сметање на времето

Pреку објава на социјалните мрежи, Владата потсетува дека ноќва, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, почнува зимското сметање на времето.

„Летното сметање на времето во 2022 година завршува на 30 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот“, пишува во фејсбук објавата на Владата.

Вечерва во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, со што официјално ќе започне зимското сметање на времето.

Секои шест месеци во земјава, како и во другите земји од континентот граѓаните поминуваат низ ритуалот на поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред (ако станува збор за премин од зимско во летно сметање на времето) и еден час наназад (ако часовникот се враќа на зимско сметање).

Back to top button
Close