Владата продолжува да создава „зони без Албанци“ – во советничкиот тим на премиерот нема речиси ниту еден Албанец, велат од ДУИ
Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, а тоа овојпат се огледува во составот на советничкиот тим на премиерот, каде речиси нема ниту еден Албанец. Ова е денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако Владата на својата официјална веб-страница ја објави листата на советниции на премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека системски се потиснуваат Албанците од позициите каде се носат одлуки.
„Оваа политика на мајоризација е позната во минатото и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моноетничка доминација“,пишува во соопштението од партијата.
Оттаму додаваат дека мултиетничкиот карактер на државата, како едно од најголемите достигнувања, во целост е загрозено.
„Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјата“,велат од ДУИ.