Владата Рама 3 ја положи заклетвата во кабинетот на Мета

Денеска во кабинетот на албанскиот претседатрел Илир Мета, новата влада на премиерот Еди Рама положи свечена заклетва  во согласност со уставот на државата .

Владата  Рама 3, ја сочинуваат премиерот Еди Рама ,кој и во изминатите 2 мандати беше премиер на социјалистичката влада и 16 министри. Оваа трета влада на лидерот на албанските социјалисти Еди Рама ја сочинуваат од  16 министри  од кои дури 12 се жени .

И покрај  тоа што пред неколку месеци имаше тензии помеѓу претседателот на државата Илир Мета и премиерот Еди Рама  по што Мета во една изјава нагласи дека нема да признае владата на Рама бидејки како што рече  парламантарните избори на 25 април   биле недемократски и изманипулирани , сепак Мета пред да истече рокот за свечени заклетни на членовите на владата Рама 3, денеска даде зелено светло за социјалистичката влада .  Албанските медиуми оценуваат дека  во меѓувреме ,,кавдата на претседателот Мета  и премиерот Рама  е надмината под притисок на межународниот фактор,, .

По свеченоста на давањето на заклетва премиерот Еди Рама пред новиоит состав на владата изјави дека -Секој министер треба да знае дека нема веке патувања во бизнис класа или вечери во ресторани во работни денови –  притоа најавувајки максимално еконономично работење на владата во наредните 4 години . Рама  повторни уште еднаш дека соработката со опозицијата е отворена во интерес на Албанија.

Лидерот на опозицијата Лулзим Баша  одби соработка со владата Рама 3 и најави политичка пресметка со Рама и соборување на новата влада .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close