Владата со уредба побара плажите да бидат ослободени од нелегалните стопанственици, УЈП и Пазарен инспекторат ќе контролираат

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, со која се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат.

Back to top button
Close