Владата усвои предлог-закон за прогласување на кањонот Матка за споменик на

Кањонот Матка наскоро се очекува и законски да биде прогласен за споменик на природата.

Владата на денешната седница усвоила предлог-закон за негово прогласување за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата.

Сега на потег се пратениците бидејќи од Илинденска бр. 2 предлог-законот ќе биде испратен во собраниска процедура.

„Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство. Со донесувањето на законот ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој екосистем“,

информира министерот за животна средина Насер Нуредини.

Предлогот кањонот Матка да биде споменик на природата кон Министерството за животна средина и просторно планирање беше испратен пред повеќе од две години.

На 9 декември 2020 година тогашниот состав на Советот на Град Скопје го прифати предлог – „за“ гласаа и советниците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, по што беше испратен до Министерството

Back to top button
Close