Владика Партениј за начинот на славење на Божиќ: Странските дипломати секогаш одеа прво во црква, па на семејна трпеза, а за нас гозбата беше централна

На многумина им беше некако издегустирано и здосадено да слават Нова Година по кафеани, на плоштади, по кафулиња, без никаква смисла и цел. И кога ќе слушнеа дека таму некаде во манастир се славела Нова Година на некаков поинаков начин, со некакво си бдение, тоа им се чинеше интересно.

Некои доаѓаа дури и од чисто љубопитство и некако со подбив: „Што ли ќе прават сега монасите в манастир за Нова Година? Па ајде да појдеме и да видиме“. И така почнаа да доаѓаат, па ќе се сретнеа со монасите, ќе се запознаеја и полека-полека, сѐ повеќе и повеќе млади влегуваа во верата, вели игуменот на Бигорската обител

Се сеќавам на една анкета, некаде во 1991 или 1992 година, кога новинари ги прашуваа странските дипломати во државата како го прославуваат Божик во нивните земји. И сите тие, Англичани, Французи, Германци, Американци што ги имавме тука, одговорија дека наутро прво одат на миса, на богослужба, а потоа на семеен ручек. Кога ќе ги прашаа, пак, нашите, тие велеа: „Божик е празник за семејна средба и ручек“. Ништо повеќе. Ни Бог, ни богослужба. Дури и веднаш ќе ги кажеа рецептите и јадењата што ги јадат за Божик. Значи, толку беше заборавен евхаристискиот живот кај нас, што за Рождество в црква се одеше можеби само за да се запали една свеќа и ништо повеќе.

Вака епископот Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир во неговото обраќање на гостите во манастирот за време на Бадниковата вечер, во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ го опиша односот кон овој празник и како го славеле странските амбасадори уште во 90-тите години од минатиот век, а како тоа го правеле македонските политичари.

Вчера им раскажував на бадникарите дека кога дојдовме во Манастирот, почнавме да смислуваме повеќе начини за тоа како да ги привлечеме младите во верата. Еден од начините за да ги привлечеме за Божиќ, беше молитвата за Нова Година според новиот календар. Оти, доколку тогаш објавевме дека ќе имаме бдение за Рождеството Христово, никој не ќе дојдеше. Таква беше, за жал, духовната клима во нашето општество. Сите славеа површно, материјално, не в црква, туку дома, оти „најважно“ за Божик било да се седне на трпеза дома. Да, се согласувам, потребна е и гозбата, но тоа е последното нешто и е природен крај на празничното славење што следи дури по Божјата трпеза на Светата Евхаристија. Ама во Македонија во тоа време за Божик поважно од сѐ беше да се седне и да се јаде и да се пие,раскажува епископот Партениј.

Според него, затоа и одлучиле за време на Новогодишната ноќ во Бигорската црква да се одржува бдеење. Така, вели отец Партениј народот ќе биде во црква и ќе се воведува во верата.

„Да се вратам повторно на бдението за Нова Година. Зошто го правевме тој подвиг? Затоа што на младите луѓе тоа им изгледаше атрактивно. На многумина од нив им беше некако издегустирано и здосадено да слават Нова Година по кафеани, на плоштади, по кафулиња, без никаква смисла и цел. И кога ќе слушнеа дека таму некаде во манастир се славела Нова Година на некаков поинаков начин, со некакво си бдение, тоа им се чинеше интересно. Некои доаѓаа дури и од чисто љубопитство и некако со подбив: „Што ли ќе прават сега монасите в манастир за Нова Година? Па ајде да појдеме и да видиме“. И така почнаа да доаѓаат, па ќе се сретнеа со монасите, ќе се запознаеја и полека-полека, сѐ повеќе и повеќе млади влегуваа во верата. Кога преку Манастирот беа воведени во верата доволен број луѓе, и за тука, а и за храмовите насекаде, почнавме да правиме бдение за Божик“,вели тој.

Back to top button
Close