Владика Петар: СПЦ и БПЦ нѐ именуваат како Македонска православна црква
Митрополитот Преспанско-пелагониски на МПЦ-ОА, Петар, ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на нашата црква како канонска.
-Им благодариме на сите и сега треба да се покажеме како кротко јагне. Некој ако нѐ нарекува Македонска црква, тоа се подразбира. Некој ако не нарекува Охридска архиепископија (ОА), пак го содржиме и тоа име, бидејќи е поврзано. Да се признае црквата како ОА, го поздрабира истото, но очигледно на Цариградската патријаршија и црквите од грчкото јазично подрачје им пречи да се именуваме тоа име и од тие причини најверојатно е одлуката да биде нарекувани ОА. Ова може да биде и тројна формула. СПЦ секогаш комуницирала со нас како МПЦ, Бугарската црква исто така, и Руската црква исто така. Не е спорно да се именуваме како македонска, вели митрополитот во емисијата „Само интервју“.
„За нас е битното дека ние сме признаени под име Охридска архиепископија. Кажано е дека јуридискцијата се протега на територијата на Северна Македонија. Тоа е кажано во контекст дека ние не можеме да ја шириме нашата јурисдикција во нашето опкружување“, додава владиката Петар.