Владика Петар: Условите на Вселенската патријаршија се неприфатливи

Условите на Вселенската патријаршија за издавање на томос се неприфатливи, ова за нас е завршена работа – порачува Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар.

Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, тие на пленарна седница на Синодот досега два пати застанале зад овој став а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни.

 

 

Владиката Петар во емисијата Аргумент+ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

Back to top button
Close