Владиката Агатангел повикува на протест пред седиштето на ЕУ во Скопје

Повик за семакедонски собир пред канцеларијата на Европската Унија во Скопје и поворка до Собранието против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство, испрати владиката Агатангел.

„Секој добронамерен Македонец да дојде и да го искаже своето незадоволство кон неговото понижување, незадоволство, кон неговото омаловажување, немир во срцето и во душата за да му се покаже на светот дека Македонците не се ниту против НАТО, ниту против влегувањето во европската заедница, но сето тоа да биде со крената глава и достоинствено.

„ДA“ за македонската евроинтеграција, но не со сменето име и непризнати јазик, црква и сменета историја. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата, вели владиката, дополнувајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста“, стои во повикот.

Back to top button
Close