Владиката Јован служел на погребот на патријархот Иринеј ама не се заразил оти имал прележано корона

-Точно е дека присуствував на погребот на српскиот патријарх Иринеј во Белград и точно е дека служев литургија заедно со епископот крушевачки г. Давид од Српската православна црква (СПЦ), кој вчера се покажа дека е позитивен на ковид-19. Но, јас веќе го прележав коронавирусот и имам антитела во организмот – изјави за порталот Плусинфо го изјави архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован од Православната охридска архиепископија (ПОА), кој додаде дека ниту еден од владиците кои присуствувале на погребот немал близок контакт еден со друг.

– Храмот „Свети Сава“ во Белград е многу голем објект и литургијата внатре се служеше на дистанца. Никој со никого не се поздравуваше, ниту, пак, се целиваше. Јас го прележав коронавирусот и лекарите ми кажаа дека имам антитела во организмот коишто ме штитат од три до шест месеци. Секако, на погребот не бев појден сам, туку со мене беше уште еден владика од ПОА. Но, тој постојано држеше дистанца и носеше заштитана маска на лицето за време на службата – истакна владиката Јован.

Повеќе

Back to top button
Close