Владиката Петар по реакциите: На секој што смета дека сум го навредил, барам и давал прочка – но тоа не е оправдание пред Бога

Владиката Петар во изјава за „Скопје1“ се извинува доколку некој се навредил од неговата изјава, во која ги нарекува наркомани, пијаници и арамии оние верници кои го поддржаа Партениј. Тој во кусата порака не посочува дали според него е навредлива употребата на овие зборови кон поддржувачите на епскопот

На секој што смета дека со нешто сум го навредил, од дете до највозрастен му се извинувам, барам и давам прошка на тие што ме навредиле, но тоа не значи, дека сме се оправдале пред Бога“, вели Владиката Петар за „Скопје1“.

Меѓу епитетите кои им ги лепеше, беа дека биле крадци на човечки души, армии, пијаници, наркомани, кои се обидувале да ги заведуваат другите верници. Ова пак наиде на критики, но и на поддршка од верниците кои ја слушнаа изјавата.

Скопје 1

Back to top button
Close