Владиката Петар за ,,Фокус”: Кога ќе излезам ќе кажам зошто сме во приватна клиника и дали немаме верба во јавното здравство

Најпрвин да им порачам на верниците дека сум добар, чекам негативен тест, по што ќе бидам пуштен на домашно лекување. Исто и Владиката Агатангел е во добра состојба, тој беше хоспитализиран една недела после мене. На вашето прашање зошто ние, Владиците се лекуваме од Ковид-19 во приватната болница Систина, и дали немаме верба во јавното здравство, ќе го дадам одговорот кога ќе излезам од болница – вака во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Владиката Петар.

Веста дека Владиците се лекуваат од корона вирус во приватна болница, од вчера е топ тема во земјава, со оглед на тоа што цените за тамошниот престој се случува да надминат и над десет илјади евра.

повеќе

Back to top button
Close