Владимир Туфегџиќ: Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати

Адвокатот Владимир Туфегџиќ остро реагираше на оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека тој си заминува „тивко, празно, анемично и без поента“, како што, според него, и бил избран.

 

Туфегџиќ критикува дека Коцевски се повикувал на политички „линч“, иако бил избран зад затворени врати, без транспарентна и отворена постапка. Тој истакна дека јавното набројување на „успесите“ на обвинителот, вклучително и лица против кои се водат постапки, ја прекршува презумпцијата на невиност.

 

– Advertisements –

 

„Уште еден државен обвинител кој не спомнува политика кога го бираат, а кога го разрешуваат – тоа е политички линч. Историскиот успех се мери со бројот на обвиненија, а за нивниот епилог – ниту збор“, изјави Туфегџиќ.

 

Адвокатот критикува дека обвинителството останува без одговорност, дури и кога обвиненијата се климави и празни, а како спорен потег го посочи формирањето тим од 15 обвинители за предметот „Пулс“ во Кочани, оценувајќи го како апсурдно.

 

Туфегџиќ порачува дека новиот државен јавен обвинител треба да биде избран во транспарентна постапка и да воспостави ред, унифицирани стандарди и еднаков пристап кон сите предмети.

Back to top button
Close