Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во Скопје

– Владина делегација предводна од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски на платото на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во состав на делегацијата беа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда, и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

Цвеќе пред споменикот положија и делегации од институции, политички партии,  здруженија на граѓани…

Оддавањето почит пред споменикот на светителот му претходи на свечениот настан по повод државниот празник што му е посветен, кој ќе се одржи во библиотеката со обраќање на премиерот Ковачевски.

Back to top button
Close