Владо Мисајловски со честитка по повод 18-ти Август – Денот на Армијата
По повод 18. Август Денот на Армијата, Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до сите кои служите со чест, храброст и непоколеблива посветеност.
„Вашата професионалност и подготвеност секогаш да одговорите на предизвиците е инспиративна. Секојдневно вложувајќи се со храброст, пожртвуваност и лојалност, вашите придонеси не остануваат незабележани.
Вие сте пример за тоа што значи вистинска љубов кон татковината. Верувам во вас и се гордеам со вас.
Продолжете да бидете штит на безбедноста и стабилноста на Македонија“, вели во честитката Владо Мисајловски, министер за одбрана.