Власта направи спектакл од носењето на телата на загинатите, вели Мицкоски

Власта направи спектакл од донесувањето на телата на 45-те починати во несреќата во Бугарија, а нема ниту морална одговорност, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Прилеп, коментирајќи го пристигнувањето на телата на жртвите од несреќата во Бугарија.

-Зачуден сум, што на овој настан му се даде димензија каква што не треба, небаре станува збор за некаков спектакл и што тие луѓе се таму каде што се и одлучуваат, наместо да заминат од власта и функциите.

Прашањето е како дозволивме како општество, покрај тоа што ни се случи во модуларната болница во Тетово, а сега да се случи ова во катастрофа да загинат 45 лица и како е дозволено толку пати да ја мине границата тој автобус, и како некој толерира да нема ниту морална одговорност.

Затоа се потребни нови луѓе кои ќе го напуштат принципот на неказнивост, туку и ќе го засилат, кажа Мицкоски.

Back to top button
Close