Властите од Брегот на Слоновата коска ги презентираа резултатите од масовната акција за пошумување

Властите од Брегот на Слоновата коска ги претставија резултатите од амбициозната операција за саење на повеќе од пет милиони стебла во текот на 2020 година во борба против уништувањето на шумоте, откако лани беа засадени повеќе од милион стебла.

– Оваа година е обележана со поамбициозна операција наречена„ Еден ден, пет милиони дрвја “што ја одразува нашата цврста решеност да се соочиме со предизвиците за зачувување, обновување и проширување на шумите, рече министерот за вода и шума Ален Ричард Донвахи на церемонијата во главниот град Јамусукро.

– Со садење дрвја, сакаме да покажеме дека предизвикот на пошумувањето е секако амбициозен, но може да се постигне, продолжи Донвахи, кој засади стебла на тик,, еукалиптус и смоква.

Кампањата почна на 1 јуни во секој од 31. регион во земјата, среде сезоната на дождови, и овозможи да се посадат 5,3 милиони дрвја или 300.000 на ден, покажуваат официјалните податоци.

Најголемиопт извозник на какако во светот, Брегот на Слоновата коска, во 60-те години од минатиот век имаше 16 милиони хектари шпуми, а сега има само околу три милиони хектари.

Back to top button
Close