Влатко Стефановски трио во „Интермецо мјузик бар“

Во среда, 17.11.2021, во Intermezzo Music Bar неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара.

Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците. Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени. Настанот ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.

Back to top button
Close