„Влегов во џамија и ми кажаа дека гори“, запален автомобилот на заменик-директорот на затворот Идризово

Заменик директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, вели дека не ја знаат причината за запалувањето на службениот автомобил што го користел. Тој вели дека немало претходна закана, додека надлежните кои го направиле вештачењето велат дека причина за пожарот може да биде и електричната инсталација на автомобилот.

„Синоќа околу 20.45 часот влегов во џамијата, во 21.15 часот беше алармиран дека надвор гори возило. Тие му помогнале во гаснењето на пожарот. Случајот го презентиравме на органите на прогонот кои излегоа на лице место и го направија вештачењето.

„Немав никакви закани од никого, но тоа треба да го потврдат вештаците и полицијата“, изјави за „Алсат“ Феми Јонузи, заменик директор на Затвор – Идризово.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека ги презеле сите мерки за целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close