Влегуваме во портокалова и црвена фаза, температурите ќе се искачат над 40 степени

Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Од УХМР информираат дека од утре во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни темpератури за овој период од годината. Температурата во повеќе места ќе биде над 35 степени.

Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе надмине 40 степени и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Утре темпeратурата ќе се движи од 32 до 40 степени, во четврток и петок од 34 до 41 степен, сабота од 33 до 40 степени, недела од 32 до 39 и во недела од 31 до 38 степени.

Back to top button
Close