ВЛЕН: Аферата со канализацијата во Зајас добива нова димензија, дали трагата води до снаата на Али Ахмети?
29.06.2026 16:24
891 1 минута читање
Соопштение на Влен:

Пред само три дена ја информиравме јавноста за сериозните сомнежи околу канализацијата во Зајас. Денес овој коруптивен скандал со пропаднатиот проект за канализацијата во Кичево добива нова димензија.
Досега јавноста знаеше дека Финансиската полиција поднесе кривична пријава поради сомневања за сериозни злоупотреби, дека државата претрпела штета од над 127 милиони денари и дека се изгубени речиси 9,5 милиони евра европски средства.
Но денес се отвора уште едно важно прашање – кој сè бил вклучен во реализацијата на овој проект?
ВЛЕН располага со договори за соработка од кои се гледа дека азербејџанската компанија „Акелик”, ангажирана за реализација на проектот, склучувала договори со повеќе домашни компании.

Станува збор за шест домашни компании, РАГ Компани, Перпарими, ОЗ & АЛ Транс, Кими Ибра, Еуро Бодени-Хит и Бибај.
Со овие договори аферата добива нова димензија. Веќе не е само прашање зошто пропаднал проектот, туку и кој сè бил вклучен околу него.

Дали овие компании се само случајно ангажирани или се дел од поширока деловна мрежа поврзана со семејството Ахмети?
Токму затоа јавно ги повикуваме Финансиската полиција и Јавното обвинителство да дадат одговор на четири прашања.
Прво, дали Финансиската полиција и Јавното обвинителство ќе проверат дали постои деловна поврзаност меѓу Егзона Ризмани, снаата на Али Ахмети, и компаниите што биле ангажирани од „Акелик”?
Второ, кој ги предложил и кој одлучил токму овие компании да бидат ангажирани во проект финансиран со европски и државни средства?
Трето, колку пари биле исплатени на секоја од овие компании и за кои конкретни работи?
И четврто, дали истрагата ќе биде проширена и ќе ја опфати целата мрежа на компании што биле ангажирани околу овој проект?
Ако нема никаква поврзаност, институциите тоа треба јавно да го соопштат.
Но ако постои, тогаш јавноста има право да знае дали европските милиони и парите на граѓаните завршиле во мрежа на компании поврзани со семејството Ахмети.

Канализација нема.
Европските милиони ги нема.
Време е да дознаеме каде завршиле.
Европските милиони ги нема.
Време е да дознаеме каде завршиле.