ВЛЕН: Али Ахмети е бизнис кум на Мијалков и Вучиќ, фирма на негов роднина продала акции на Алта Банка
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Вчера ја објавивме една од најголемите политичко-финансиски афери во поновата историја на Северна Македонија. Ние објавивме докази дека компанијата “АС Сењак“, во сопственост на близок роднина на Али Ахмети, ги продавала акциите во Стопанска банка – Битола на Алта банка од Белград, банка која е директно поврзана со режимот на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17.09.2025, односно пред десет дена. Ова е доказ дека семејството на Али Ахмети продава капитал на српскиот свет.
Почитувани граѓани, денес презентираме нов случај, уште посериозен и пострашен.
Истите акции што семејството на Али Ахмети ги продавал на банката на режимот на Вучиќ, пред речиси една година биле купени токму од Сашо Мијалков. Купувањето на акциите на “АС Сењак“ од страна на Сашо Мијалков или компанијата поврзана со него, „Бест Веј Инвестмент“, е извршено на 24.10.2024.
Секако била индикативна сликата од манастирот Свети Наум, но сега сè е јасно. Сега имаме и финансиски докази за оваа врска. Паднаа маските.
Сепак, ДУИ нема одговор. Ахмети молчи. Ниту еден функционер од ДУИ не излезе да објасни како се случило семејството на Али Ахмети да купи акции од Сашо Мијалков и зошто тие акции ги продавале на банката на режимот на Александар Вучиќ. ДУИ се крие и се срами, бидејќи знае дека зад патриотската реторика се крие суровата вистина – пари, криминал, личен интерес и врски со антиалбански структури во регионот.
Денеска се станува јасно. Семејството на Али Ахмети, директно, додека ДУИ индиректно стана директен финансиски партнер на Мијалков и Вучиќ. Преку оваа врска, ДУИ го носи српскиот свет во Северна Македонија и преку банкарскиот систем. Преку оваа врска, Али Ахмети и неговото семејство ја ставаат државата и Албанците во финансиска и политичка зависност од Белград, а зошто го прават ова, тие треба да објаснат.
Сепак, Албанците и сите граѓани на Северна Македонија мора да ја знаат вистината – ДУИ повеќе не е партија што ги штити интересите на Албанците, туку е приватна компанија за криминал, корупција и лично и семејно богатење на Али Ахмети.
Почитувани, ова е само дел од мозаикот на врски меѓу ДУИ, Мијалков и Вучиќ. Јавноста ќе дознае сè. Времето на вистината доаѓа.
Овој финансиски лавиринт вклучува вкупен износ од над 20.000.000 евра“, се вели во партиското соопштение на ВЛЕН кое го пренесуваме интегрално.