ВЛЕН: ДУИ и Али Ахмети должат одговори за враќањето на Груевски

Коалицијата ВЛЕН обвини дека сите дела на Блерим Беџети излегуваат на површина, додека тој, како што велат, се обидува да ги прикрие со изговори и алиби. Во соопштението, ВЛЕН го оцени обидот за дистанцирање на Беџети како „театар“ и „обид за прикривање на срамна приказна поврзана со враќањето на Никола Груевски“.

„Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори со факти, а не со алиби“, стои во соопштението, со директен повик до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да одговори кои биле причините за, како што наведуваат, неговата вмешаност во обидите за враќање на поранешниот премиер Груевски.

ВЛЕН потсети и на изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски дека одредени политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. „Кои се тие експоненти, одговорот може да го даде само Али Ахмети“, додаваат од коалицијата.

Во соопштението се поставува прашањето зошто, според нив, ДУИ покажува „носталгија за Груевски“ и што го спојува Ахмети со овој случај. „Албанците му веруваа на Али, но тој ја злоупотреби довербата и беше казнет. Сепак, оваа казна не смее да се ограничи само на опозициската улога“, велат од ВЛЕН, барајќи одговори што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава

Back to top button
Close