ВЛЕН: ДУИ се нареди рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, а обвинува дека Македонија се внесува во „српскиот свет“

Партијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција, со функционери обвинети за корупција и контрола над судството, која им служеше на антиалбанските интереси повеќе од две децении, денес има дрскост да обвини дека наводно Република Северна Македонија се внесува во „српскиот свет”. Токму оваа политичка партија со години ги затвораше очите пред дестабилизирачките проекти на Србија во регионот, станувајќи нивна алатка на сметка на Албанците и граѓаните на оваа земја. Тоа е партијата чии главни функционери се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков, велат од коалицијата ВЛЕН.

Јавно ги прашуваат своите ривали од ДУИ, „дали заборавија дека токму поранешните функционери на ДУИ ентузијастички ја прифатија иницијативата „Отворен Балкан”, најважниот српски геополитички проект по распадот на Југославија, само за да ги зачуваат привилегиите на својот политички клан“?

-Дали заборавија дека токму тие се наредија рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, станувајќи промотори на идејата „Отворен Балкан” во време кога Албанците гласно се спротивставуваа на овој проект што им служеше на српските интереси и беше целосно против Република Косово.

Да не заборавиме, дали токму моќните на ДУИ, Артан Груби и Перпарим Бајрами, главни партнери во бизнисот со казината беа високи експоненти на српското подземје. Замислете ја иронијата, ДУИ, која сервилно ги пречекуваше и ги придружуваше српските функционери со црвени теписи во Македонија, денес продава патриотизам преку стерилни изјави. Отидоа дотаму што Бујар Османи го донесе шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Македонија. Целата нивна „патриотска” пропаганда е само фасада за да ги сокријат неуспесите и корупцијата што ја имаат на своите рамена.

Тие се истите оние што денес врескаат од страв да не изгубат на следните локални избори, од страв дека албанските граѓани повеќе нема да можат да ги измамат со лагите и лажниот патриотизам што ги користат само кога се во опозиција, стои во партиската реакција.

Од ВЛЕН велат дека ќе продолжат да работи за граѓаните, за владеењето на правото, за европската интеграција и за заштитата на албанските интереси без да се замори од празните обвинувања на оние кои повеќе од две децении се збогатуваа и ја користеа власта само за нивниот тесен семеен круг.

-Со голема посветеност, го градиме Коридорот 8 и го зајакнуваме стратешкото партнерство со САД. Северна Македонија е во сигурни раце и ќе се движи кон ЕУ, без корупциските кланови кои станаа потпора на секој проект што доаѓа од Белград, само за да ја зачуваат својата моќ и богатство, порачуваат од ВЛЕН.

Back to top button
Close