ВЛЕН: ДУИ се провидни и очајни од поразот што ги очекува на 19 октомври

ДУИ се провидни и очајни од поразот што ги очекува на 19 октомври. Со половина раководство на црни листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за „вредностите“ на Европската унија, се наведува во соопштението од ВЛЕН, што МИА го пренесува интегрално.

Уште поиронично ДУИ, притиснати од резултатот што ги очекува на локалните избори, се здружија со анти-НАТО и анти-ЕУ партијата на Апасиев во Гостивар, Тетово и Струга. А сега зборуваат за ЕУ!

Ова е истата ДУИ што, и покрај отвореното противење од нашите стратешки партнери, го измени Кривичниот законик за да го простре црвениот тепих за враќањето на Никола Груевски и за да го ослободи од затвор Сашо Мијалков. Денес, оваа ДУИ одеднаш е „загрижена“ за европскиот пат, додека корупцијата отсекогаш ѝ била секојдневна практика.

Три блиц прашања за ДУИ:
Кога Али Ахмети имал последна средба со релевантен меѓународен фактор?

Дали добивте одговор на писмата што ги праќавте „низ светот“?

Зошто му дозволивте на градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен?

За разлика од ДУИ, која ја користи ЕУ само како параван, а во позадина ја хранеше корупцијата, ВЛЕН преку Планот за раст и Реформската агенда ја приближува државата до европските стандарди со конкретни реформи и инвестиции.

Back to top button
Close