ВЛЕН на 9 мај на конгрес ќе ја официјализира трансформацијата во политичка партија – вели Меџити


ВЛЕН ќе го одржи својот прв конгрес на 9 мај, на Денот на Европа, кога ќе ја официјализира трансформацијата во политичка партија. Ова денеска го најави градоначалникот на скопската општина Чаир и лидер на Демократското движење, дел од владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити во емисијата „Само вистина“ на Телевизија Канал 5.

Од гостувањето на градоначалникот на скопски Чаир Изет Меџити на ТВ Канал 5 / Фото: Принтскрин
Меџити посочи дека изборот на датумот има симболично значење и ја одразува определбата на коалицијата кон европските вредности и интегративните процеси.

Според најавите, новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партија и ќе функционира со модел на заедничко раководење, со двајца копретседатели, како Билал Касами и Изет Меџити.

„Идеолошки ќе бидеме ориентирани центар десно. Сега се работи на операционализирање на новата платформа“,рече тој.

Со одржувањето на конгресот, ВЛЕН треба да го заокружи процесот на политичко консолидирање и да го дефинира своето понатамошно делување на политичката сцена.

На новинарска констатација дека датумот на одржување на конгресот ќе се поклопи со месецот во кој премиерот Христијан Мицкоски најави реконструкција на владата, Меџити рече дека ВЛЕН ќе биде едно пред реконструкцијата.

„И тоа е добро“,
кажа тој.

Посочи дека нема информации за тоа кои министри ќе бидат опфатени во реконструкцијата на владата.

Back to top button
Close