ВЛЕН: Османи во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?
Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, обвинија денеска од коалицијата ВЛЕН.
Оттаму наведуваат дека според ревизорскиот извештај потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција, дека не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во СРЦ „Борис Трајковски“ и дека договорите и јавните набавки биле спроведувани без транспарентност и со сериозни законски пропусти.
-Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, зад себе остава сомнителни и криминални тендери. Ова не е изолиран случај, истиот Бујар Османи беше осомничен од СЈО за сомнителни набавки уште кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски, додаваат од владеачката коалиција.
Според ВЛЕН, граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Османи:
-Прво, никогаш ништо не направил за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива. Второ, секогаш кога бил на функција, се поврзувал со скандали, сомнителни тендери и злоупотреби на јавни пари, стои во соопштението