ВЛЕН: Политичката одговорност на ДУИ за споменикот на Андон Ќосето
Соопштение на ВЛЕН:
Данела Арсовска не е сама.
Таа не е изолиран феномен, туку производ и продолжение на стар систем, на еден режим кој сè уште дише преку своите сенки, преку своите директори, советници и сојузници. Функционерите на ДУИ се дел од тој систем.
ДУИ е дел од градската власт на сите нивоа. ДУИ има одговорност зошто дозволила и по втор пат поставување на споменикот на Андон Ќосето.
Поставувањето на споменикот на Андон Ќосето не е случајна, ниту изолирана грешка — тоа е продолжение на политиките кои го разделуваат, навредуваат и понижуваат Скопје како мултиетнички и модерен град.
Да не заборавиме, првото поставување на овој споменик беше во време кога Никола Груевски беше премиер, а Блерим Беџети и Бујар Османи беа негови министри, послушни, лојални, и неми на секој чекор кој значеше провокација за другите етнички заедници.
Денес, гледаме истата сцена, со истите актери.
Вчера, Никола Груевски не издржа и јавно се пофали со споменикот и си ја честиташе сопствената политичка визија. Тоа не е случајно. Тоа е доказ дека денешната градска власт, предводена од Данела Арсовска, е продолжена рака на истата идеолошка линија, на истиот режим, во кој режим ДУИ секогаш е дел и секогаш молчи.
Во град Скопје, Данела Арсовска не владее сама.
Таа има кабинет, директори и функционери. Голем дел од тие функционери се кадри на ДУИ. Тие не се неми набљудувачи, туку активни чинители во системот кој дозволи повторно поставување на споменик кој го навредува духот на соживотот.
Затоа:
ДУИ по втор пат учествува во поставување на споменикот на Ќосето.
ДУИ да повика нивните директори во град Скопје да поднесат морална оставка како знак на целосно неприфаќање на поставување на споменикот на Ќосето.
ДУИ да ја прекие поддршката кон Данела Арсовска која продолжува да прави обиди за меѓуетнички провокации и обиди за дестабилизација.
Јавно ги повикуваме сите директори и функционери на ДУИ во Град Скопје да поднесат оставка.
Тоа е единствениот морален потег што можат да го направат – во знак на солидарност со сите граѓани кои се чувствуваат повредени, меѓу кои Албанци, Турци, Бошњаци, па и Македонци кои веруваат во соживот, почит и заедничка иднина.
Ним им порачуваме:
Не си играјте со чувствата на народот за три месеци власт. Таа власт веќе заврши.
Време е за отчетност. Време е за морал.
Ви благодариме.