ВМРО бара обвинителството да ги викне на распит Вице Заев и усте неколкумина за случајот РЕК Битола

 

Опозицијата побара Обвинителството да ги повика на распит братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, како и Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и Оливер Спасовски, но и да ја прибави целокупната документација за случајот. Од Обвинителството, пак, денеска рекоа дека надлежен обвинител постапува според она што е наведено во известувањето кое го добиле од МВР, а го повикаа Мицкоски да им достави докази доколку има измени во пријавата

ВМРО-ДПМНЕ денеска со прес-конференција пред просториите на Јавното обвинителство ја „освежи“ меморијата на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за случајот во кој тврди дека имало криминал со тендер во РЕК „Битола“.

За случајот вчера лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, одржа брифинг со новинарите и излезе со информации дека во кривичната пријава од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР биле направени измени – односно бил изваден делот каде што се споменува лице Вице Н., а реагираше и дека Обвинителството не постапува.

На денешната прес-конференција од опозицијата повторно ги изразија своите сомнежи за овој случај.

„До нас пристигнаа документи кои се сомнежи и индиции за огромен криминал со државни тендери во РЕК ‘Битола’ во времето на Васко Ковачевски, а укажуваат за притисок и закани врз бизнисмените Васко Василев и Јани Радивчев, сопственици на ’Рубитон‘, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на ’СВ инвест‘ или да дадат 250 000 евра во кеш на Вице во хотел ’Вила парк‘ во Струмица. Целиот случај е пријавен во МВР, за што е изготвена и кривична пријава. Еве ја… но таа според нашите информации претрпела измени во ЈО или во МВР, и е изваден делот каде што се спомнува Вице. Кој, зошто и дали го направил тоа и фалсификувал јавна пријава треба да утврди ЈО, исто како што треба да се утврди одговорност за рекетарите. Бидејќи Русковска вели дека не е запознаена, еве шанса да се запознае и да ѝ ја освежиме меморијата. Впрочем, ова е тест за обвинителството“,рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Back to top button
Close