ВМРО-ДПМНЕ: „Мериот“ коалицијата им служи на интересите на Заев

 

Наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, за ВМРО-ДПМНЕ поважна е борбата против катастрофалното управување на државата.

Една помала група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да се фокусираат на борбата против Зоран Заев, одбраа да служат на неговите интереси и денес кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата.

Во насока на транспарентноста тие веднаш беа поканети на средба со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството, при што тие за жал не изразија подготвеност за отворена и конструктивна средба бидејќи немале таква насока.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ е организирана и демократска партија, при што истите ги повикуваме нивната иницијатива да ја достават до партијата и таа ќе биде разгледана од Централниот Комитет на партијата.

За ВМРО-ДПМНЕ наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, поважна е борбата против катастрофалното управување на државата.

Тоа е главниот приоритет за партијата и ВМРО-ДПМНЕ и во иднина нема да се занимаваме со нивната намена да ја ослабат партијата и да помогнат на партијата на власт.

 

Back to top button
Close