ВМРО ДПМНЕ ја попречува работата на институциите со дојавите за поставени бомби во училишта, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ молчи за опструкциите и нивната улога во лажните дојави за поставени бомби, порачаа утрово преку соопштение од СДСМ.

Од владејачката партија тврдат дека најголемата опозициска партија ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките со справување со дојавите за поставени бомби во училишта.

Сметаат дека „со вакво неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и страв кај граѓаните“.

-Новите протоколи се изработени од експерти и со нив се гарантира безбедноста на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставата. ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настав, велат од „Бихаќка“.

Од адреси во Русија и Иран, деновиве пристигнувале лажни дојави за бомби во училиштата, изјави пред неколку дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Истакна дека истрагата за дојавувачите ја отежнува фактот што тие користат виртулени конекции, а услугите ги плаќале со крипто валути.

Во меѓувреме МВР излезе со нов протокол за постапување при евентуални дојави за поставени бомби. Од 19 октомври минатата година заклучно со вчера со лажните дојави во земјава биле опфатени повеќе од 520 објекти

Back to top button
Close