ВМРО-ДПМНЕ: Ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити имаме еден предлог до нив – одете си веднаш
Ја видовме реакцијата на судиите и обвинителите. Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денеска искажаните ставови од Здружението на судии и Здружението на јавни обвинители, што МИА ја пренесува интегрално.
Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”.
Чест на исклучоците во таа професија кои се уште се повеќе од расипаните зрна во амбарот, но овие реакции од денес се запрепастувачки и крајно загрижувачки и ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити и криминалци и корумпирани политичари и мафијаши тогаш имаме еден предлог до нив.
Нека си одат веднаш. На нивно место ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да воведат ред, дури и за плати од 1500 до 2000 евра какви што примаат судиите денес.
Вакво понижувачко, нелогично и промашено соопштение, дури ни СДС не може да смисли.
Секако повторуваме чест на многуте исклучоци во таа професија кои се срамат од своите колеги и кои си ја сакаат државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ