ВМРО ДПМНЕ: Анкетата на Брима е бугарско фингирање

„Повторно како и по кој знае кој пат, заради храбрење на членството и функционерите, СДСМ пушта наместени анкети преку агенцијата Брима. На јавноста добро и познато и е кој стои позади оваа агенција, главниот идеолог за отворање на бугарски универзитет во Македонија, Андреј Рајчев. А, зошто Бугарите форсираат дека Зоран Заев наводно ќе победи размислете сами“, вака започнува реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по објавената анкета на „Брима“.

Од партијата прашуваат дали агенцијата Брима изминатава година има земено над 120 илјади евра од Владата на Зоран Заев за изготвување на анкети кои ќе ја покажуваат розевата слика во Македонија?

„Патем, агенцијата Брима Доо од Скопје, не е светски познатата Брима Галуп, туку фирма од Македонија која е основана токму од бугарскиот социолог Рајчев која спроведува анкети во континуитет по нарачка на Зоран Заев, а преку медиуми блиски до власта.

Зоран Заев соочен со целосен раскол и одбивањето на партиските организации да ги прифати кандидатите за градоначалници на Зоран и Вице, мора да пушта анкети на кои ќе се преставува како победник.

Единствена цел на оваа фингирана анкета на Брима е тешење на разочараното членство на СДСМ.

Вистинската анкета за Зоран Заев и СДСМ ќе биде на 17-ти октомври, кога ќе го доживее најубедливиот пораз, токму од граѓаните“ – се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.

Back to top button
Close