ВМРО-ДПМНЕ: Атентат врз Вучиќ планирал мафијаш кому пасош му дал Спасовски

Лицето Радоје Звицер, кој е на чело на заговорот за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, добил македонски пасош од МВР и Спасовски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека нов скандал го тресе македонското МВР. Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин вчера соопшти дека полицијата, преку Европол добила информација од земја членка на Европската Унија дека организирана криминална група на чело со Радоје Звицер, планирала атентат врз претседателот.

„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата ‘Мафија’ пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата обвинуваат дека и по една година, виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема.

„Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме. Ова покажува дека покрај срамот за Македонија кој го приредува Спасовски, тој е отворен заштитник на криминалот – стои во партиската реакција.

 

 

Back to top button
Close