ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери да ја стави на дневен ред точката за разрешување на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ побара од Џафери да ја стави на дневен ред точката за разрешување на Венко Филипче, а претседателот на Собранието кажа дека разрешувањето или оставка треба да биде испратено од Владата до Собранието, па потоа да се констатира.

„Сметаме дека тоа е најмалку што може да го направи Собранието, да ја констатира оставката на министерот Филипче, кој што сноси објективна одговорност за ваквата катастрофа, а за субјективната негова одговорност или на други чинители ќе се одлучува во истражна постапка Јавното обвинителство. Предлагам оваа точка да биде прва на Дневниот ред и очекувам поддршка од сите пратеници, затоа што оставката како морален чин не треба да биде предмет на ничија истрага, тоа е оставка на човек кој што има или нема грижа на совест, а премиерот не е Ајатолахот во Иран па да одлучува кој има совест, кој е морален или кој е неморален во државата, рече Милошоски.

Џафери кажа дека нема добиено никаква оставка од Владата, и затоа нема за што да се расправа.

„Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлог за разрешување одлучува Собранието на првата наредна седница. Доколку претседателот разреши 1/3 од членовите на Владата од првобитниот состав, тогаш Собранието одлучува како за нова влада. Уставот пишува за изричита надлежност на премиерот, а не на пратеници.

извор

Back to top button
Close