ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира анкетна комисија за пожарот во Тетово

Според Деловникот, Собранието може да формира анкетна комисијa за кое било прашање од јавен интерес, а со овие ад-хок тела, вообичаено, претседава опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ бара во парламентот да се формира анкетна комисија за утврдување на фактите и на политичката одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница.

Пратеничката Рашела Мизрахи, на прес-конференција, најави дека ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе достави до претседателот на Собранието предлог-одлука за формирање анкетна комисија, која, како што рече, ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и на институциите.

Извадок од Деловникот

 

„Наместо одговорност и одговори, повеќе од 10 дена гледаме како власта, од петни жили и на секој можен начин, се труди да го заташка целиот случај. Четиринаесет наши сограѓани ги загубија своите животи, а на Зоран Заев и на Венко Филипче око не им трепнува. Без нималку срам неколку дена ја замајуваат јавноста со измислената оставка, за потоа да се преправаат како ништо да не се случило. Се однесуваат како да нема 14 во црно завиени и ожалостени семејства“,рече Мизрахи.

Back to top button
Close