ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалничката Арсовска, СДСМ пак ги обвинува за состојбата во ЈСП

Од владејачкиот СДСМ обвинуваат за колапс, огромни долгови, задоцнети плати и прекин на јавниот превоз во ЈСП Скопје како резултат на, како што велат, неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска.

„Медарите од ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат главниот град остана без јавен превоз. За само една година со градските власти на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното сообраќајно претпријатие направило долг од еден милион евра. Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари по литар од редовната цена?“,

 

прашуваат од СДСМ.

Од СДСМ побараа и посебна седница на Совет на Град Скопје за, како што велат, хаосот во јавните претпријатија во Скопје.

 

„Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница“,

 

изјави Никола Белимов, член на ГО на СДСМ.

За Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, целата ситуација наликува на театар во кој градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се профилирала како продолжена рака на СДСМ. Митева смета дека за се е виновна Арсовска и дека треба да си поднесе оставка.

„Додека СДС, директорот на ЈСП од СДС и Арсовска си ја префрлаат вината, градот тоне во долгови. Целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија. Она што е факт е дека Данела Арсовска е онаа која што е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си поднесе оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, му должи и Арсовска“рече Митева.

Back to top button
Close