ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Ковачевски за смеењето за премиер на „Западна Бугарија“

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и извинување од премиерот, Димитар Ковачевски, за како што наведуваат во партиското соопштение -„понижувањето кое ѝ го приреди на Македонија“.

-Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија. Едно зборува пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат на видео снимка објавена на социјалните мрежи од вчерашниот Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во организација на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун.

Back to top button
Close