ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски во врска со убиството на ракометарот Тот

Денеска кратко време на Јутјуб се појави снимка за која се тврди дека е од моментот на претепувањето на ракометарот Денис Тот пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, по којшто инцидент хрватскиот интернационалец беше префрлен во болница, каде им подлегна на повредите

Според опозициската партија, снимките кои ги видоа граѓаните „со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток“, и прашуваат зошто не реагираа, поради што бараат одговорност од Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за ако што велат прикривање на убиството на ракометарот Денис Тот.

„Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има. Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе. Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство. Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем“,се вели во партиското соопштение.

Според опозициската партија, снимките кои ги видоа граѓаните „со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток“, и прашуваат зошто не реагираа, поради што бараат одговорност од Спасовски.

Денеска кратко време на Јутјуб се појави снимка за која се тврди дека е од моментот на претепувањето на ракометарот Денис Тот пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, по којшто инцидент хрватскиот интернационалец беше префрлен во болница, каде им подлегна на повредите.

Back to top button
Close