ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се затвори бугарскиот клуб „Цар Борис“

ВМРО-ДПМНЕ бара да почне да се применува Законот за здруженија и партии и да се затвори бугарскиот клуб „Цар Борис“.

-Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со законот директно се засегнати бугарските здруженија во земјава, Иван Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид. Тие имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар, откако македонското Собрание на 2 ноември изгласа измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности, кои се поврзуваат со фашизам.

Back to top button
Close